Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Май
2019

Уапсени полициски службеници и приведени граѓани во акцијата во Косово

0
Косовската полиција го потврди апсењето на неколку полициски службеници и информира дека тие се од различна етничка припадност. Од полицијата наведуваат и декаакцијата продолжува и се одвива во повеќе региони во земјата.


„Полициската операција, која се спроведува во неколку региони, меѓу кои и во општините Звечан, Зубин Поток, Лепосавиќ, Северна Митровица, Јужна Митровица, Србица и Глоговац, до сега резултира со апсењето на неколку граѓани и неколку полициски службеници од различни националности – Албанци, Срби и Бошњаци, кои се осомничени за разни дела“, се наведува во соопштението.


Полицијата информира и дека наишла на вооружен отпор во северно Косово, како и на блокади на патиштата, при што биле приведени и неколку граѓани.


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска нагласи дека во акцијата уапсени се 23 лица од српска и бошњачка националност, претежно членови на косовската полиција во Косовска Митровица, Лепосавиќ и Зубин Поток. Според него, тоа е обид „за целосна криминализација на нашиот народ“.


 


 














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *