УНМИК бара ослободувања на двајца уапсени службеници во Косово
„Двајцата припадници на УНМИК се префрлени во болница за третирање на раните. Ние ги разгледуваме прецизно околностите во целосна координација со сите меѓународни организации на терен“, се наведува во соопштението.
Специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Косово, Захир Танин повика службениците да бидат ослободени и нагласи дека „секое повредување на припадници на УНМИК ќе добие висок законски, дипломатски и меѓународен одговор“.
