Црногорскиот премиер Душко Марковиќ изајви дека неодамнешната пресуда за обид за тероризам на денот на парламентарните избори во 2016 година, нема да ги загрози мирот и стабилноста во Црна Гора. Тој, исто така, потенцираше, дека официјална Подгорица поради тој случај нема да ги прекине дипломатските односи со Русија. Тој вели дека црногорската Влада нема да ги прекине односите со Руската федерација, туку трпеливо ќе работи да ги подигне на повисоко ниво.
Изјавата на Марковиќ е одговор на пратеничко прашање за односите со Русија по донесената пресуда.