Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Май
2019

Парламентарни избори во Грција на 7 јули

0
Грчкиот премиер Алексис Ципрас одлучи парламентарните избори да се одржат на 7 јули, рече министерот без ресор на Грција и владин портпарол Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија „Алфа“, јавува МИА.


Тој вели дека одлуката изборите да се одржат на 7 јули е за да не се наруши одржувањето на испитите од државната матура кои завршуваат на 2 јули.


Ѕанакопулос вели дека премиерот Алексис Ципрас на 10 јуни ќе го посети претседателот на Грција Прокопис Павлопулос и ќе побара од него да се распушти Парламентот и да распише предвремени избори. Тој вели дека земјата на избори ќе ја одведе актуелната, а не службена влада, со единствени промени во министерствата за цивилна заштита и внатрешни работи.


Ципрас рече дека ќе побара претседателот на државата да распише предвремени парламентарни избори, откако неговата партија загуби и на европските и на локалните избори.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *