Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Май
2019

Могерини: Северна Македонија и Албанија сработија, сега ЕУ е на ред

0
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини денеска истакна дека Северна Македонија и Албанија испорачале со реформите и затоа ЕК препорачува отпочнување на преговорите со двете земји.


„Тие го сработија своето и сега ЕУ треба да го исполни својот дел“, рече Могерини.


На прашањето дали во јуни Северна Македонија ќе добие зелено светло за преговорите, Могерини истакна дека нивата порака е јасна.


„Двете земји се подготвени. Дискусиите сега се во земјите- членки дали тие се подготвени за отпочнување на преговорите. Тоа е комплициран процес. Не значи дека утре ќе влезат во ЕУ. Но, Северна Македонија и Албанија се подготвени за преговори“, посочи Могерини.


Еврокомесарот Јоханес Хан истакна дека препораката на ЕК е кристално чиста. Тој посочи и дека не може да предвиди колку брзо земјите- членки ќе донесат одлука, но е во интерес на ЕУ, тоа да се случи што поскоро за да се испрати сигнал до регионот дека е награден за сработеното. 


 


 














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *