Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Май
2019

Жбогар: Земјата ја искористи шансата и ја спроведе амбициозната агенда

0
Од Брисел денеска добивме многу добра вест. Европската комисија препорача почеток на преговорите со Северна Македонија. Ви честитам за тоа и за напорите и посветеноста, но и за жртвите што ги направивте во изминатиот период, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешната прес-конференција во Делегацијата на Европската Унија во Скопје.


Според него, еврокомесарот Јоханес Хан кажал јасно дека земјата ја искористила шансата што и била понудена и ја спровела поставената амбициозна агенда.


Земјата, како што посочи, ги исполнила сите услови и забележала резултати во повеќе области, а тоа се владеење на правото, судството, борбата со корупцијата и организираниот криминал, реформа на јавната администрација, реформа на разузнавачките служби и на јавната администрација. Дополнително, посочи Жбогар, беше постигнат и историскиот Договор од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија.


 














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *