Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Май
2019

Пописот ќе се одржи во април наредната година и ќе чини 8,5 милиони евра

0
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска изјави дека пописот што треба да се одржи од 1 до 21 април следната година ќе ги опфати лицата во државава и тие што се во странство. Според него, како и на претходната таква статистичка операција ќе има и графа за етничко-културолошки и религиозни карактеристики. Првите резултати од пописот, како што наведе, се очекуваат за шест месеци по неговото спроведување.


Целата статистичка операција, што се спроведува по 16 години, ќе чини 8,5 милиони евра. Во пописот на населението, домаќинствата и становите ќе бидат ангажирани околу 6.000 лица, од кои 5.000 попишувачи, 500 реонски инструктори, 200 државни инструктори и членови на пописните комисии. Целата територија на државата ќе биде поделена на 45 пописни реони.


 














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *