Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июнь
2019

Парада на гордоста и во Белград

0
Парада на гордоста се одржа денеска и во Белград под мотото „Борбата сè уште трае – придружи се“. Учесниците на петтата Парада на гордоста во Белград носеа транспаренти на кои пишуваше „Имам право да сакам кого сакам“, „Сакај ги твоите ЛГБТ пријатели“, „Сакам живот достоен за човек“...


Во близина, помала група млади луѓе протестираа со голем транспарент „Догодина во Призрен“.


Учесниците на парадата прошетаа по улиците на Белград со полициско обезбедување.


Организаторите рекоа дека пред се бараат законска регулатива за истополови партнерства и обуки за државните службеници да бидат потолерантни во работата со ЛГБТ заедницата, а тоа особено се однесува на лекарите и наставниците.


Тие рекоа дека се потребни поголеми буџетски трошоци за работата на ЛГБТ организациите и додаде дека „владата за време на премиерката Ана Брнабиќ ги намалила тие трошоци“.


Парада на гордоста денеска по прв пат се одржува и во Скопје.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *