ЕУ смета дека нема основа за продолжување на преговорите за Брегзит
Преговарачите на ЕУ им порачаа на европските дипломати дека промените кои ги предлага новата влада на Велика Британија, како што е делот со Ирска, се неприфатливи, објави Би-Би-Си.
Владата во Лондон ги отфрла тврдењата дека сака разговорите да пропаднат за да се овозможи Брегзит без договор, за што во неколку наврати беше обвиет новиот британски премиер Борис Џонсон, кој за заминување од ЕУ, со или без договор, го наведе 31 октомври.
