Рохани до САД: Укинете ги санкциите, па ќе преговараме
„Исламска Република Иран ги поддржува преговорите и, доколку САД навистина сакаат да зборуваат, пред се друго тие треба да ги повлечат сите санкции“, рече Рохани.
Тензиите меѓу САД и Иран се засилија откако минатата година САД се повлекоа од нуклеарниот договор од 2015 година, што за цел имаше да ги ограничи иранските нуклеарни активности.
