Евробарометар: 68% од македонските граѓани се за влез во ЕУ
Поддршка за прием на нови земји членки даваат 48 отсто од жителите на ЕУ, што е пораст од три проценти во однос на есента 2018 година. Најголема поддршка за проширувањето даваат Шпанците (70%), Полјаците и Литванците (69%), Унгарците (65%) и Словенците (64%). Најмала поддршка за проширувањето на ЕУ има во Холандија (31%), Франција (32%) и Германија(33%). Сепак, во Франција и Германија, во споредба со претходниот извештај, има раст од два отсто на оние кои се за прием на нови членки.
Граѓаните на Северна Македонија како два најголеми проблема со кои се соочува земјата ја посочиле економската ситуација (35%) и невработеноста (30%), се наведува во извештајот од истражувањето на Евробарометар, спроведено по европските избори меѓу 7 јуни и 1 јули 2019 година, во сите 28 земји членки на ЕУ и петте земји кандидати..
