Препораки на ДЗС за претстојниот топлотен бран
Покрај основните препораки за однесување во вакви услови, од ДЗС велат дека преземаат и мерки за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор. Оттаму апелираат до општините, граѓаните и посетителите на земјава, да внимаваат кога се на отворено.
Дирекцијата потсетува дека од март е донесена забрана за движење во шума и шумско земјиште освен за вработените во ЈП национални шуми, а за зачувување на шумите, од 15 јули до 15 август, на територијата на целата земја, се спроведува Кампањата за заштита од пожари под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени – Природата е наша одговорност“
