Еден загинат и осум повредени од експлозијата во руското складиште за муниција
Истражниот комитет денеска соопшти дека е покрената истрага за „прекршување на прописите за справување со оружје и предмети што можат да предизвикаат опасност за луѓето“, во врска со експлозиите во складиштето во близина на градот Ашинск.
Во соопштението се додава дека привичните сознанија укажуваат на тоа дека експлозиите биле предизвикани од пожар кој започнал на 5 август при товарење и истовар на муниција во складиштето.
Градоначалникот на Ашинск Илаи Ахметов денеска изјави дека луѓето од областите во близина на складиштето ќе можат да се вратат дома до крајот на денот, откако беше укината вонредната состојба во и околу градот.
Заменик гувернерот на регионот Алексеј Подкоритов изјави дека повеќе од 9.500 локални жители и воен персонал биле евакуирани од областа, додека повеќе од 6.000 лица заминале по сопствена иницијатива.
Заменик министерот за одбрана Дмитриј Булгаков, кој пристигна во Ашинск, денеска изјави дека има планови за затворање на складиштето.
