ФЗО: Ќе се укинуваат квотите за лекови во сите аптеки
Од Фондот посочуваат дека лекот на рецепт во аптеката осигурено лице може да го подигне само доколку се идентификува со лична карта односно пасош. Во случај кога осигуреното лице од здравствени или други причини не е во можност лично да го подигне лекот во аптеката, лекот на рецепт во негово име може да го подигне друго лице кое треба да се идентификува со своја лична карта, односно пасош, наведуваат од Фондот.
