Дачиќ: Неиспорачувањето на Морина е политичка одлука
„Ако некој се наоѓа на потерница на Интерпол, тогаш што има да се размислува дали да го екстрадира или не. Тука очигледно во прашање се политички причини“, изјави министерот Дачиќ.
Тој додаде дека „и Франција така го пуштила Рамуш Харадинај“.
„Проблем е што Харадинај, но и други припадници на ОВК, нема да одговараат за воени злосторства пред судовите во Косово и пред Меѓународниот суд на правдата. Тоа е аболиција за терористи, луѓе кои вршеле воени злосторства и тоа е неприфатливо. Морина и останатите никогаш нема да одговараат“, додаде Дачиќ.
