Нов Зеланд ќе исплаќа плата во биткоини
Даночната служба на Нов Зеланд одлучила да дозволи исплата на плата во криптовалутa со услов таа да е поврзана со најмалку една стандардна валута. Властите исто така бараат избраната криптовалута да може директно да се конвертира во некоја стандардна форма на плаќање.
Одлуката на новозеландските власти стапува од 1 септември кога тамошните работници ќе бидат испаќани во биткоин, најголемата светска криптовалута според пазарната вредност.
