Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Август
2019

Билјана Блажевска е новиот аѓутант на Пендаровски

0
Претседателот Стево Пендаровски, за време на одбележувањето на Денот на Армијата со Орден за воени заслуги ги одликуваше Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје и Сквадронот на транспортни хеликоптери од Воздухопловната бригада од Здружената оперативна команда при Армијата на Република Северна Македонија.


Претседателот Пендаровски ја постави полковник Билјана Блажеска за Аѓутант на Врховниот командант на Вооружените сили во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.


Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје се одликува со Орден за воени заслуги за континуирана поддршка и помош на Република Северна Македонија во процесот на пристапување и исполнување на критериумите и стандардите за остварување на полноправното членство во НАТО.


Тој во својот говор потсети дека по повеќе од две децении реформи и решавање на долгогодишниот спор околу името со Грција, земјата е на чекор од полноправно членство во НАТО.


„Владеењето на правото е наопходен услов за функционирање на демократијата и за развојот на слободното општество. Затоа, наш апсолутен приоритет е да го издигнеме владеењето на правото во наша врвна вредност и да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите и во државата,“ изјави Пендаровски.


Тој даде ветување дека како врховен командант ќе инсистира на подобрување на животниот и професионалниот стандард на војниците, како и поддршка на реформите во одбраната.


 














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *