Повторно рестрикции во Кашмир и насилни протести
Во изминатите 24 часа се случија серија протести против одлуката на Њу Делхи за укинување на автономијата на Кашмир, територија со мнозинство муслимани на која Пакистан смета дека има право и поради која двете држави веќе се двапати војуваа. Индиската влада соопшти дека полициски час не бил воведен во последните две недели, но движењето на населението е ограничено со барикади денеска на неколку места во градот поставени во последните часови.
После намалувањето на автономијата следуваше прекин на Интернет, медиуми и телефонските услуги како и ограничувања на слободно движење во јавност.
