Димитров: "Рекет" е раскрсница
Тој вели дека зачудува до бес што некој изгледа дозволил жедта за правда да биде искористена за да се згасне жедта за пари.
"Можното соучесништво на обвинител од оваа институција во трговијата со одговорноста, максимално ја зголемува потребата од целосно и одлучно расчистување со сите валканици што излегоа на виделина, кон кого и да водат. Иако целата приказна згрозува до апатија, ако тој кој требало да го гони криминалот, се ставил на страната на криминалците, тоа мора да биде само дополнителен мотив во борбата за правда, а не дигање раце. Расчистување и правда и за “рекет”, но и за сите криминали во снимките и вон снимките. “Рекет” всушност е раскрсница," напиша Димитров
Тој додава дека ниту се сретнал ниту потпишал меморандум со Боки 13, најверојатно затоа што имал, како што вели добро претчувство.
