Силен шумски пожар во околина на скопска Пинтија
„Шумски пожари има и над селото Долно Блаце и кај селото Мојанци над Арачиново, кои се од помал обем. На терен се испратени екипи на ТПП кои ги гаснат и овие пожари“, информираа од Територијалната против пожарна единица на Град Скопје.
Жителите од Пинтија до неколку медиуми испратија фотографии укажувајќи на страв од пожарот кој зафатил површина на 200 до 300 метри од нивните домови.
