Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Август
2019

Грција постави услов за почеток на преговорите на ЕУ со Албанија

0
Почитувањето на правата на грчкото малцинство е услов за добивање на датум за преговори за влез на Албанија во ЕУ, напишал грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во писмото до друштвото на грчкото малцинство во Албанија, „Омонија“, пренесе тиранската ТВ Ора њуз.



„Главна загриженост на грчката Влада и моја лична е ефикасна заштита на малцинските и имотните права на грчкото национално малцинство во Албанија, што е услов за започнување на преговорите за интеграција на Албанија во ЕУ. Владата и Нова демократија со политичка волја секогаш ќе бидат на страната на грчкото малцинство во Албанија, од секој аспект“, стои во писмото на Мицотакис.



Грчкиот премиер во писмото додава дека билатералните односи меѓу двете држави дополнително ќе се развиваат и зајакнуваат, не само во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ, туку и пошироко, што според него, ќе ги фаворизира и малцинствата и напредокот на двете земји.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *