Макрон: Британија ќе ја плати цената за неприфатлив Брегзит
„Доколку тие преземат чекор кој е компатибилен и може да биде прифатен од 27-те земји, тогаш е во ред. Но доколку тие не сакаат да направат потег или нешто што не е прифатливо, тогаш ќе треба да преземат одговорност“, изјави Макрон на настан во Лион.
Британскиот премиер Борис Џонсон се сретна со неговиот ирски колега во северна Англија за последен обид за оживување на британскиот предлог за Брегзит, кој според ЕУ не е согласно барањата за уредно заминување на земјата од европскиот блок.
