Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2019

Димитров: Македонскиот идентитет не може да биде услов за ЕУ, да се воздржиме од условувања

0
Северна Македонија ја поздравува конзистентната поддршка на Република Бугарија за проширување на Европската Унија кон земјите на Западен Балкан. Исто така, сметаме дека почитувањето на Договорот за добрососедство од двете страни ќе биде важен чекор во контекст на пристапните преговори со ЕУ, одговори денеска шефот на македонбската дипломатија, Никола Димитров, на прашањата на Слободна Европа, во врска со поставувањето на неколкуте услови од Бугарија за евроинтеграцијата на Македонија.


Сепак, како што вели Димитров, во духот на европските вредности цениме дека двете страни треба да се воздржат од „условувања кои не водат кон унапредување на добрите односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ“.


„Со Договорот за пријателство и добрососедство почнавме еден многу важен историски процес на спријателување и зближување. Ако сакаме да успее тој процес треба да постои разбирање за другиот. Разбирањето за заедничката историја, мора да оди заедно со разбирањето за денешнината и иднината. За нас е од суштинска важност нашиот македонски идентитет – ние сме македонски народ и зборуваме на македонски јазик. Добрите односи и членството во ЕУ подразбираат заемно почитување на двата народи. Потребно е со заеднички сили да се работи на решенија кои ќе обезбедуваат почит и достоинство за двете страни, избегнувајќи изјави кои може да предизвикаат навреда или вознемиреност кај соседите“, изјави Димитров за Слободна Европа.


Сметаме, додава министерот, дека не смее да биде доведена во прашање европскатата иднина на Северна Македонија и прашањата поврзани со идентитетот на македонскиот народ не може да бидат услов за нашиот пат кон Европа, особено не во 2019 година и не во Европската Унија.


„Ние имаме право на самоопределување. Визијата на Софија ќе се поклопи со нашата визија, со заедничко разбирање за грижите на другиот. Историјата ќе не памти спрема тоа како сме се однесувале кон иднината“, вели Димитров.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *