Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2019

Шекеринска: Не сакаме со соседите да играме игра на уцени

0
Ние како Влада покажавме капацитет и градиме пријателства и ќе се трудиме да ги решаваме проблемите. Важно ни е што денеска можеме да кажеме дека сите наши соседи цврсто не поддржаа да станеме членка на НАТО и на ЕУ, одговори денеска вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, на новинарско прашање за коментар на бугарските условувања за евроинтеграциска поддршка за Македонија.


„Меѓудржавните односи особено помеѓу соседи се секогаш, како викаат, воркинг прогрес, постојано има прашања кои ќе се изнесат на маса и дилемата е само дали ќе се трудите да ги решите или ќе се оддалечите повеќе. Ние очекуваме преговарачките рамки според европски принципи и согласно со принципот дека со соседите мора да се најдат решенија. Условувањата некогаш се покажуваат како корисен инструмент, некогаш се покажуваат како катастрофа и за регионот и за соседите. Сакаме со нашите соседи да бараме решенија, а не да ја играме играта на уцени, притисоци, кавги и прекинување на разговорот. Така ќе постапиме и во иднина, рече Шекеринска.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *