Американскиот дипломат Кент ќе сведочи во истрагата за импичмент на Трамп
Вчера пак сведочеше Фиона Хил, поранешна советничка за европски и руски прашања на Трамп. Таа одговараше на прашања дали Трамп ја злоупотребил својата моќ за време на разговорот со Зеленски.
Си-Ен-Ен и Њујорк Тајмс, цитираат извори кои имаат сознанија за сведочењето, според кои Хил, видела недобро работење во врска со украинската политика и го пријавила тоа.
Според изворите Хил пред Комитетот рекла дека поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон го предупредил личниот адвокат на Трамп, за „рачната граната“ која ќе ги „разнесе сите“.
Трамп инсистира на тоа дека немало ништо несоодветно во разговорот со Зеленски.
