Десетици илјади ќе присуствуваат на курдски протест во Германија
Полицијата во петокот соопшти дека размислува за забрана на протестот, но денеска наутро дадоа зелено светло за одржување на протестот.
Организаторите очекуваат на протестот да учествуваат претежно Курди, со исто така поддршка од тврдата левичарска партија „Дие Линке“ и други групи.
Членовите на курдската дијаспора низ Европа повикаа на протести во Келн.
„Очекуваме дека некои од младите луѓе че бидат вооружени“, изјави шефот на полицијата Уве Јакоб.
Полицијата исто така предвидува дека ќе протестираат и турските националисти.
Јакоб повика на мирно однесување.
