Алијанса за Албанците - изборите се добра вест
„За нас како Алијанса на Албанците е прифатлива и ја поздравуваме. Се надеваме дека на утрешната средба лидерите на политичките партии ќе се согласат како треба да се спроведе целиот овој процес. Ние сме убедени дека на државата и треба нов политички легитимитет при што ќе дојдат политички сили што ќе имаат кредибилитет да ја сносат одговорноста и во најскоро време да се добие датумот кој, на некој начин, ги разочара сите наши граѓани“, изјави на прес-конференција портпаролот на партијата Флакран Беџети.
