Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2019

МОН го осуди поздравувањето на операцијата во Сирија во училиштето во Гостивар

0
Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија, ќе биде извршен инспекциски надзор и ќе биде донесена соодветна одлука, соопшти Министерството за образование.


„Законската регулатива отсекогаш го забранувала политичкото организирање и дејствување во училиштата кое соодветно се санкционира. Министерството за образование и наука ги осудува активностите кои биле организирани во основното училиште ‘Мустафа Кемал Ататурк’ во Гостивар и во кои учествувале ученици, а преку кои била испратена политичка порака за поддршка на воени акции на одредена држава“, се вели во соопштението.


МОН ги повикува менаџментите на училиштата, вклучително и на ОУ „М. К. Ататурк“ да се воздружуваат и да спречуваат организирање на било какви активности кои имаат политичка позадина и испраќаат политичка порака.


Завчера на „Фејсбук“ страната на училиштето се појави фотографија на која ученици, во придружба на настаниците и останатиот персонал од училиштето, стојат под турско знамe и упатуваат војнички поздрав за поддршка на турското воено движење, што алудира на турската воена офанзива во Сирија.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *