Штајнмаер му се заблагодари на Горбачов за неговата улога во обединувањето на Германија
Тој во писмо до Горбачов пишува дека мирното обединување на Германија, а со тоа и крајот на поделбата на Европа не би било можно без храбрите и хумани одлуки што ги донел Горбачов.
„Она што најмногу ме боли е состојбата со германско-руските и европско-руските односи“, пишува Штајнмаер, додавајќи дека е важно да не се предаваат на отуѓувањето кое во изминатите години пораснало
Во интервју кое вчера беше објавено, Горбачов рече дека во тоа време неговиот принцип бил да нема крвопролевање.
