Иран најави ново намалување на обврските од нуклеарниот договор
Претседателот Хасан Рохани денеска рече дека Иран од утре ќе започне со вбризгување на ураниумов гас во 1.044 центрифуги.
Според договорот, центрифугите треба да работат без вбризгување на ураниумов гас.
Иран почна да ги намалува своите обврски од договорот за нуклеарна програма, откако САД се повлекоа од договорот и повторно воведоа санкции.
Вчера иранските власти рекоа дека користат нови центрифуги за збогатување на ураниум, кои работат 50 пати побрзо од оние кои се дозволени со договорот.
Иранскиот претседател вели дека неговата змеја ќе се придржува кон своите обврски од договорот, кога и останатите потписнички ќе го сторат истото.
