Конвe-Муре: Франција брзо ќе го ратификува протоколот за НАТО
Таа во интервју за МИА вели дека не сака сигналот што Франција го прати на последниот Самит на ЕУ да предизвика реакција против нејзината зeмја и не треба да се сфати како негативна активност кон Македонија.
„Не станува збор за вето, ниту за одбивање од страна на Франција, затоа што Франција не сака да го блокира процесот, туку само се изјасни негативно во однос на прашањето, затоа што можеби денес ЕУ не е подготвена да прифати нови земји членки и неопходно е да се видат одредени критериуми кои што ќе помогнат да се пристапи кон членство и прифаќање на нови земји – кандидати“, вели сенаторката Конве-Муре.
Таа додава дека извршната власт сигурно работи на предлози за новата методологијата за проширување, но дека таа не е е во можност да зборува за рокови.
