Груби: Усогласивме текст на Изборниот законик, а во него нема промена на изборниот модел
„Ние остануваме на формалниот состав кој што дискутира промени на изборниот законик и тоа е во рамките на Министерството за правда. Неделава имавме сите средба, и политички партии, невладините и меѓународни организации и веќе усогласивме текст на предлог-закон кој што во себе ги инкорпорира сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР од последните три изборни циклуси претседателски, локални избори и референдум и во тој предлог не се дискутира околу изборен модел“, изјави Груби.
