Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2019

Одобрено обвинението за Рекет, се чека датум за судење

0
Кривичниот суд Скопје го одобри обвинителниот акт за случајот Рекет, соопштуваат од Судот. Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд ги отфрлил приговорите поднесени од осомничените во случајот и го прифаѓа обвинението. Одлуката е донесена денеска на нејавна седница. Против ова решение, според законот, не се дозволува право на жалба.


Откако по одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување и ќе биде закажан термин за одржување на јавна главна расправа.


На 10 октомври беше поднесено обвинение за случајот. Обвинети се Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец.


Според Обвинението, првообвинетиот Бојан Јовановски - Боки 13, од лани во ноември до април годинава, влијаел на второобвинетата Катица Јанева да ја олесни положбата на притворениот сведок Орце Камчев, кој во предметот „Империја“ е еден од осомничените. Третообвинетиот Зоран Милевски - Кичеец ги договарал средбите на Јовановски со сопругата на Камчев, а подоцна и со Камчев, уверувајќи ги во неговото влијание врз тогаш специјалната јавна обвинителка Јанева.


 














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *