Марш на толеранцијата - Mладите не толерираат различности
Пировска вели дека образованието на младите не им го дава она што им е потребно за да ги надминат тие предрасуди и стереотипи, бидејќи во самото образование, во содржините во учебниците од коишто учат се уште може да пронајдеме стереотипи, предрасуди за различни работи.
Таа упати апел образованието да биде насочено кон тоа да ја јакне свеста на младите за различностите со кои живеат во ова општество.
Драгана Дрндаревска од Коалиција „Маргини“ посочи дека отстранувањето на родовите норми во образованието е клучно за истото да се одвива под безбедни услови и учениците да бидат запознаени и да градат позитивни вредности, демократски вредности, поврзани со родовата еднаквост и почитувањето на различностите на повеќе основи.
„Дури 36 отсто од момчињата одговориле дека девојчињата би требало повеќе да се насочат да бидат добри мајки и сопруги отколку да тераат кариера. Истото го одговориле 21 отсто од девојчињата. Таткото треба да има поголем авторитет од мајката во семејството,ова го одговориле 41 отсто од момчињата и 24 отсто од девојчињата“, посочи Дрндаровска, повикувајќи се на податоците добиени од истражувањето што го спроведе Коалицијата „Маргини“.
Во однос на насилството, повикувајќи се на наодите од истражувањето, таа посочи дека дури 23 отсто од момчињата ЛГБТ биле малтретирани во училиштето наспроти шест отсто од хетеросексуалните момчиња.
Дрндаровска заклучува дека образовниот систем е комплетно трул, комплетно нерелевантен и не го гарантира правото на образование под еднакви услови за сите.
