Турција - С-400 го купивме да го користиме, а не да ни стои на страна
Реакцијата доаѓа по заканата за санкции од САД доколку Турција го користи тој систем. Вашингтон предлага Турција да го купи американскиот систем „Патриот“.
Во интервју за Си-Ен-Ен Турк, Исмаил Демир рече дека не е логично ниту една земја да купи ваков систем само за да го остави настрана и додаде дека Анкара и Вашингтон се фокусирани на решавање на проблемот.
