Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2019

Србија воведува електронско аплицирање за дозвола за работа за македонски државјани

0
Полесна трговија, минување на стока без царини и чекање, патување без пасоши, полесно вработување во Србија, Северна Македонија и Албанија за граѓаните на тие земји, најави српскиот министер за труд, вработување и социјални прашања Зоран Ѓорѓевиќ, објаснувајќи го за РТС договорот на претседателот Александар Вучиќ и премиерите Зоран Заев и Еди Рама за т.н. „Мал Шенген“.


Како што јави дописникот на МИА од Белград, Ѓорѓевиќ најави дека „Србија ќе направи чекор понатаму и почнувајќи од 1 јануари, ќе ја воведе апликацијата „е-странец“ – можност за електронско аплицирање во амбасадите на Србија за добивање однапред виза за престој, како и можност за паралелно аплицирање во Националните служби за вработување, со што забрзано ќе може и пред пристигнувањето на работниците во Србија, да се добие дозвола за работа.


„Секој граѓанин на Северна Македонија или Албанија, границата ќе може да ја помине со лична карта или пасош и кога ќе влезе во Србија ќе може електронски да аплицира, тој или работодавачот, преку мобилен телефон или преку интернет, да аплицира за продолжување на рокот за престој од 90 дена, со што ќе може воедно да биде пријавен и во Централниот регистер“, рече министерот Ѓорѓевиќ, дополнувајќи дека со тоа за странскиот државјанин ќе важат истите правила и процедури како и за српските работници.


Според него, Србија работи на предлогот на нацрт договорот, кој треба да се усогласи и да се верификува во српското собрание и кој подразбира дека исти услови ќе имаат и српските граѓани кои ќе бараат














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *