Македонија ќе даде придонес во идеите за нова методологија за зачленување во ЕУ
„Владата ја поздравува секоја идеја која ќе придонесе за побрз почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и која ќе ги направи преговорите поефикасни, посуштински и покредибилни. Многу е важно што рамката која ја предлага Франција го потврдува членството во ЕУ како главна и крајна цел на процесот што за нас е неопходен услов за воопшто таа да се разгледува“, соопштува македонската влада.
Тие сметаат дека е од витално значење за домашните реформи и за натамошниот развој на државата да се донесе одлука за почеток на преговорите за членство со ЕУ „која ќе овозможи во динамичен преговарачки процес да се внесуваат делови од можниот нов пристап за подобрување на методологијата“.
