Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2019

Франција го поздрави враќањето на запленетите украински бродoви

0
Франција го поздрави враќањето на Русија на трите украински поморски бродови, кои минатата година беа запленети од Москва во Црното Море, велејќи дека овој потег ќе го олесни планираниот самит во декември во Париз за решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина.


„Гестот придонесува за зајакнување на довербата во дијалогот меѓу Русија и Украина“, објави француското претседателство денеска по телефонскиот разговор помеѓу францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин.


Русија претходно денеска ги предаде бродовите на Украина. Во објавата се додава дека двајцата водачи разговарале за „подготовките“ за самитот на 9 декември во Париз меѓу украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Путин. На состанокот ќе присуствуваат и Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. Самитот во Париз ќе биде прва средба меѓу Путин и Зеленски, кој беше избран за претседател на Украина во април.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *