Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2019

Холандија се приклучува на француската мисија во Персискиот залив

0
Холандските власти соопштија дека ќе учествуваат во мисијата предводена од Франција за набљудување на рутите за испорака во регионот на Перскискиот залив почнувајќи од јануари. Советот на министри, како што наведе холандското министерство за одбрана, одобрил распоредување на фрегата на шест месеци со цел да се зголеми безбедноста во важниот стратешки реон. 


Франција се залага за европска алтернатива во Ормутскиот теснец, откако ја исклучи можноста да се приклучи на коалицијата предводена од САД за заштита на нафтени танкери и товарни бродови од какви било потенцијални закани од Иран.


Францускиот министер за одбрана Флоренс Пали минатата недела изјави дека француската поморска база во Абу Даби ќе биде главниот центар за европската мисија. Коалицијата предводена од САД отвори посебен команден центар во Бахреин. 


 














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *