Иранската револуционерна гарда се закани со одмазда кон САД
Генерал мајор Хосеин Салами, пак, ова го кажа денеска пред илјадниците луѓе кои се собраа на главниот плоштад во иранскиот град Керман за да присуствуваат на погребот на генералот Солејмани.
Насобраните во Керман, родниот град на загинатиот генерал, се облечени во црно и носат постери со неговиот лик. Иранската државна телевизија подоцна јави дека дошло до стампедо во погребната поворка, а според некои информации има над 30 загинати. Инаку, погребната церемонија почна пред три дена во Техеран каде што исто така се собраа илјадници луѓе, а продолжи денеска во градот во кој живееше Солејмани.
