Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2020

Рама - Муџахедините во Албанија се дел од хуманитарна, а не политичка операција

0
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека иранските муџахедини во Албанија се дел од хуманитарна, а не политичка операција.


Во комуникација со албанските новинари, Рама од Виена додаде дека хуманитарниот став за иранската опозиција во Албанија е напишан и во договорот.


Рама додаде дека неговата земја не е изложена на потенцијална закана како резултат на иранско-американската конфронтација.


„Не верувам дека ова ја изложува Албанија на посебен начин и нема причина да веруваме во тоа, затоа што сме во постојан контакт со нашите сојузници и кога станува збор за тајните служби тие се без конкуренција. Ние сме во безбедни раце кога станува збор за добивање информации“, рече Рама.


Претходно иранскиот духовен водач Али Хамнеи ја прогласи Албанија за непријател, додавајќи дека таа е „лоша европска земја која ги згрижила нивните непријатели“.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *