Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2020

ВМРО-ДПМНЕ бара Дескоска да го образложи укинувањето на лустрацијата

0
Претседателот на собраниската Комисија за политички систем Александар Кирацовски го одложи почетокот на седницата на која на дневен ред е Законот за поништување на лустрацијата, на барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предложениот текст пред нив да го образложи министерката за правда Рената Дескоска.


Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека со овој закон на кодошите кои напредувале во кариерата врз таа основа им се овозможува дури и обештетување. Пратениците од опозициската партија на седницата реагираа дека министерката Дескоска речиси и да не дошла на седници на оваа Комисија да образложи законски предлози.


Владата минатиот месец го утврди законот со кој се поништува лустрацијата наведувајќи дека со него „се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки“, а се предвидува и надоместок на штета. За шестгодишното работење, Комисијата за лустрација прогласи за кодоши околу 200 лица, а речиси половина од нив беа починати. Таа беше формирана во 2009 година, а беше укината на 1 септември 2015 година.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *