Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2020

Трудо вети правда за загинатите во украинскиот авион во Иран

0
Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека ќе бара правда за луѓето кои загинаа во украинскиот авион кој беше погоден од Иран минатата недела. Тој денеска, на бдеењето за 57 Канаѓани жртви во несреќата, рече дека нема да се откажат додека не добијат одговори.


Во меѓувреме во Иран втор ден продолжуваат антивладините протести кои избувнаа во земјата поради начинот на кој власта се справува со последиците од авионската несреќа. Иранската војска соопшти дека воздушните сили ненамерно го погодиле авионот Боинг 737-800 на 8 јануари при што загинаа сите 176 луѓе кои беа во него.


Трагедијата се случи неколку часа откако со балистички ракети Иран нападна воени бази во Ирак во кои се сместени американски војници. Откако Техеран на 11 јануари призна дека по грешка го урнале патничкиот авион дојде до протестите во Техеран и други градови, а насобраните извикуваат антивладини слогани, а според извештаите, дошло и до судири со полицијата.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *