Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2020

СДСМ: Поканата од Вселенскиот Патријарх Вартоломеј беше упатена до Заев

0
Од СДСМ денеска по критиките упатени од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека лидерот на партијата Зоран Заев бил поканет од Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј додека тој бил премиер на Република Северна Македонија, а додека се договарала нејзината реализација, Оливер Спасовски бил избран за премиер во техничката Влада.


„Сите трошоци за патувањето со комерцијален лет, сите трошоци за сместувањето беа подмирени лично од претседателот Заев, нешто што беше незамисливо за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од владејачката партија.


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска рече дека Владата се потчинува на Заев и праша во кое својство тој бил на средбата со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј во седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул. Според него, поканата се однесувала на премиерот како политичка функција, а не лично до Заев.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *