Медведев останува претседател на партијата Обединета Русија
На 15 јануари Медведев заедно со својата влада поднесе оставка, за да отвори пат за уставните измени. Оставката уследи откако рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето до нацијата најави уставни измени со кои треба да се зајакнат овластувањата на парламентот. Руските новински агенции подоцна соопштија дека Путин планирал да го именува Медведев за заменик секретар во рускиот безбедносен совет, функција со која сега раководи Путин.
Медведев вели дека оваа позиција не е во спротивност со неговата политичка активност.
„Јас останувам претседател на партијата Обединета Русија“, изјави денеска Медведев за телевизијата „Росија 1“.
Изминатите години Медведев и Путин си ги менуваа функциите премиер и претседател на државата. Тој беше претседател на Русија од 2008 до 2012, меѓу вториот и третиот претседателски мандат на Путин. На место на Медведев, Руската Дума на 16 јануари го избра за премиер Михаил Мишустин.
