Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2020

Полицијата употреби солзавец на протестите во Хонгконг

0
Кинеската полиција употреби солзавец против илјадници демонстранти кои се собраа денеска во центарот на Хонгконг. Тие повикаа на бојкот на кинеската комунистичка партија и побараа изборни реформи.


Некои од учесниците на протестот носат црна облека и маски за лице, тие носат транспаренти на кои пишува „Слободен Хонгконг“, а вејат иамерикански и британски знамиња.


Властите дадоа дозвола за протест во Чатер Гарден, во близина на пристаништето Викторија и законодавниот дом на Хонгконг, но не и марш низ центарот на градот.


Mасовните протести избувнаа летоска поради предложениот закон за екстрадиција, што доведе до брутално задушување и остри казни за демонстрантите, кои Пекинг ги нарече терористи. Според законот, жителите на Хонгконг може да бидат екстрадирани да им се суди во Кина.


На почетокот на месецов кинеските власти го разрешија високиот офицер за врски со Хонгконг поради постојаните немири кои ги разнишаа односите на овој специјален административен регион со Пекинг.


Во неколкумесечни протести жителите на Хонгконг бараа поголема демократија во поранешната британска колонија, која ѝ беше вратена на Кина во 1997 година.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *