Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2020

Османи: законот за ЈО не е услов, но е важен за Холандија и Франција

0
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ги повика политичките партии да ги надминат, како што кажа, теснопартиските и политички позиции што се однесува до законот за јавно обвинителство, да се изнајде компромис и пред се симболички да се испрати порака дека се подготвени да соработуваат во борбата со корупција од високо ниво. Османи, рече дека законот не е наведен како услов од Европскиот совет или од Комисијата, но дека е важно за одредени земји-членки на Унијата, како Холандија и Франција.


„Советот не рече имате уште еден бенчмарк, но индивидуално земјите – членки, одредени земји членки сметаат дека овој закон е важен предуслов за воспоставување на правна држава“, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање по средбата со членовите на Државната изборна комисија (ДИК).


Меѓу партиските преговори за нов Закон за ЈО почнаа да губат интензитет откако во септември на лидерската средба на претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски не се дојде до договор. Потоа предметите и обвинителите од поранешното Специјално јавно обвинителство ги презема Државното јавно обвинителство, а превоговорите за нов закон за јавно обвинителство не се споменуваа често во јавноста.


Тие повторно се актуализираа откако еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји минатата недела во Скопје рече дека добар сигнал за Европската Унија ќе биде и доколку законот за Јавно обвинителство биде донесен пред распуштањето на Собранието во февруари.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *