ДИК ненадлежна за барањето на Чулев
Чулев вчера кажа дека испратил барање до ДИК поврзано со секојдневните активности на МВР, како што се одржувањето јавен ред и мир, откривање и процесуирање кривични дела од организираниот криминал. Тој вели дека со врзаните потписи се успорува работата и се влијае на намалување на ефикасноста на МВР во однос на секојдневните такви активности.
Согласно Законот за Влада, за одлуките на сите министри и нивните дополнителни заменици во техничката влада се потребни два потписа, во овој случај од министерот Чулев и од дополнителната заменичка министерка Славјанка Петровска.
