Борисов: регионалната соработка не е алтернатива за интеграцијата на Западен Балкан
Бугарскиот премиер рече дека исклучително е важно задржувањето на политиката на проширување на ЕУ како катализатор за реализирање на клучните реформи во земјите од регионот. Според него регионалната соработка е добра, но не е алтернатива на европската интеграција на Западен Балкан.
Борисов рече дека приоритет на Бугарија и Северна Македонија, кои од 1 јануари 2020 година се домаќини на Берлинскиот процес, е поврзаноста во сите нејзини аспекти: транспортот, енергијата, дигитализацијата, како и поврзаноста меѓу луѓето, особено меѓу младите, вклучувајќи и преку образованието.
