Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2020

Северна Кореја соопшти дека повеќе не е обврзана кон заложбите за денуклеаризација

0
Северна Кореја соопшти дека повеќе не е обврзана да го стопира тестирањето на нуклеарно оружје и ракети, ставајќи ја вината за ова врз Соединетите држави поради неуспехот за постигнување на краен рок за укинување на „бруталните и нехумани“ санкции против Пјонгјанг.


Ју Јонг Чол, советник во мисијата на Северна Кореја во ООН во Женева денеска рече дека станало „јасно дека САД остануваат непроменети во амбицијата да го блокираат развојот на Северна Кореја.“


"Затоа не најдовме причина повеќе да бидеме еднострано врзани со обврската што другата страна не ја почитува“, изјави Јонг Чол.


Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун постави краен рок до 2019 година  санкциите поврзани со нуклеарната програма на Пјонгјанг да бидат укинати пред понатаму да може да се одржат разговори со Соединетите држави


Советникот на Северна Кореја во ООН соопшти дека земјата ги суспендирала своите нуклеарни тестови и тестирање на ракети „со цел да се изгради доверба со Соединетите држави.“ Но, тој дополни дека Вашингтон одговорил продолжувајќи да спроведува заеднички воени вежби со Јужна Кореја и со воведување на дополнителни санкции.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *